Позитивна енергија во Прилеп, кандидатката за градоначалник Петра Лукароска успева да ги обедини сопартијците, но и да освои симпатии и од независните.
Денес, Форумот на жени на СДСМ Прилеп, организираше панел-дискусија „Од политика до професија: Жената под постојан напад“
За ова известија и од самиот Форум на жени ОО СДСМ Прилеп:
Успешно одржана панел-дискусија во организација на Форум на жени на ОО на СДСМ Прилеп
„Од политика до професија: Жената под постојан напад“
Жените сè уште се соочуваат со навредливи, сексистички и деградирачки коментари особено кога се гласни, активни и професионално ангажирани.
Лажни профили, ботови и организирани напади на социјалните мрежи се современи алатки на замолчување на жените.
Гласот на жената е важен и во политиката, на работното место, и во јавноста!
Нема назад! Ќе продолжиме храбро, солидарно и гласно една за сите, сите за една!
Благодарност до панелистките Јасмина Ангелова, Кети Стевананџија и Тања Барлакоска за инспиративните дискусии. Благодарност до сите присутни.