Тажен ден, тажен момент. За жал – потрагата заврши трагично.
Хрватот Никола Грачак (35), кој исчезна на 14 мај минатата година, е пронајден мртов, објави неговата сестра Маја Грачак на својот профил на социјалните мрежи.
„Сакам да ве известам дека мојот брат е пронајден, но за жал повеќе не е со нас.
Ова е исклучително тежок период за моето семејство и ве молам за разбирање во наредните денови. Им благодарам на сите што ми дадоа поддршка и помош за време на потрагата“, напиша сестрата.
Приказната за неговото исчезнување ја потресе Хрватска. Никола исчезна откако ја остави ќерка си во градинка, а неговото семејство испрати јавни апели за помош.
Во вторник, полицијата потврди дека повеќе не го бара Никола Грачак, а информациите за него повеќе не се достапни на страницата „Исчезнати“. Тие не открија повеќе информации за овој случај.