(ФОТО) ЦУК само што објави: Доцна вечер на терен – нов опасен пожар во Македонија

1860

Голем пожар избувна на дива депонија во скопската населба Визбегово, во близина на хотелот „New Star“. Пожарот, кој се појавува и по неколку пати по неговото гаснење, создава сериозна опасност за околината и предизвикува згуснат чад и неподнослива миризба.

На терен е директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, кој ја увидува состојбата заедно со надлежните институции и координативните тимови.

„На терен се работи во координација со сите релевантни служби. Проблем претставува непристапниот терен, поради што се чека механизацијата – багери и тешка опрема – да пронајде начин за пристап до жариштето и да помогне во целосното гаснење“, изјави Али.

Ова не е првпат да се појави пожар на оваа дива депонија. Локалните жители се жалат дека проблемот е хроничен и дека честите палења сериозно го загадуваат воздухот и го загрозуваат здравјето на населението.

Надлежните институции апелираат за трпение и внимателност, додека се преземаат сите неопходни мерки за целосно локализирање на пожарот.

Претходна вестМакедонец на чекор до победа во „Никогаш не е доцна“ – има водство, а еве како и вие да гласате
Следна вестУжасни вести ја разбудија Македонија: Страотен пожар во Куманово – целосно изгоре куќа