Денот кога ја доби својата најголема радост – синот, за пејачката Билјана Сечивановиќ истовремено останал врежан и како еден од најболните моменти во животот.
Имено, токму на денот кога се породила и го родила синот Матеја, се случила голема трагедија во нејзиното семејство – починал нејзиниот внук. Уште потрагично е што погребот се одржал на истиот ден кога го донела своето дете на свет.
Секоја наредна прослава на роденденот на Матеја ѝ буди болни спомени на таа судбоносна случка.
„Не можев да се израдувам на моето дете како што би сакала, бидејќи истиот ден замина една млада душа – мојот внук Никола, синот на мојата сестра“, со солзи во очите раскажала Билјана.
По неколку години од трагедијата, Сечивановиќ се појави во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, каде што започна нејзиниот подем во кариерата.
Во едно од интервјуата изјавила дека, иако како самохрана мајка не ѝ било лесно, успеала да обезбеди стабилен и достоинствен живот за својот син.