Репрезентативката Ана Марија Коларовска направи „бум“ на трансфер пазарот во домашниот шампионат, откако од тимот на Ѓорче Петров се пресели во Автокоманда.
Коларовска е огромно засилување за тимот од Автокоманда, кој за следната сезона има јасна цел – да ги „нападне“ двете титули, домашниот шампионат и Купот на Македонија.
Токму трансферот на Коларовска ги потврдува шампионските амбиции на Металург, кој веќе потпиша и со Петра Јершек, Анастасија Николовска и Ива Божиновска. Во следниот период се очекуваат уште неколку засилувања.
Ана Марија Коларовска е актуелна репрезентативка на Македонија, а со Ѓорче Петров изминатите години редеше успеси, но сега е време за нов предизвик во нејзината кариера.



