Скопјанец повикан на разговор поради закани кон Арсовска

94

На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје.

Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЈахоски доби пасош за матурата на синот, и покрај обвиненијата и милионската истрага
Следна вестСДСМ: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал?