Ѓоковиќ го „збриша“ Нори – лесен пласман во најдобрите 8

187

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако го совлада Камерон Нори со 3-0 по сетови (6-2, 6-3 и 6-3). Српскиот тенисер уште еднаш ја потврди својата доминација на противникот не му дозволи да помисли да освои барем еден сет.

Со денешната победа во Париз, Новак стигна до 100 триумфи на Ролан Гарос, а повеќе има само неприкосновениот Рафаел Надал, кој го освоил овој турнир 14 пати.

Првиот сет го доби со 6-2, Ноле отвори со 4-1 и веќе беше јасно дека ова ќе биде негов меч. Во вториот сет Нори успеа да освои три сета (6-3), додека во последниот видовме уште поголема доминација.

На патот до пласман во полуфинале стои Зверев, кој без борба стигна до 1/4 финалето.

Претходна вестГоце Георгиевски: Не чека уште потежок меч, играме пред нашите навивачи – сакаме да ја вратиме титулата!
Следна вестСе запалил автобус полн со деца кои биле на екскурзија низ Европа