Францускиот интернационалец Антоан Гризман стави крај на шпекулациите за негова можна преселба летово, откако одлучи да ја продолжи соработката со Атлетико Мадрид. Иако имаше понуди од МЛС – лигата и од клубови од Саудиска Арабија, 33-годишниот напаѓач останува верен на клубот на Диего Симеоне.
Гризман се согласил на намалување на платата, која досега изнесуваше 8 милиони евра годишно, а со новиот договор ќе остане на „Ванда Метрополитано“ до 2027 година.
Во сезоната 2024/25, Гризман постигна 16 голови и забележа девет асистенции во сите натпреварувања, продолжувајќи да биде клучен играч во системот на Симеоне. Со тоа, неговиот биланс во црвено-белиот дрес се искачи на вкупно 197 голови и 93 асистенции – бројки кои го вбројуваат меѓу најголемите легенди во историјата на клубот.



