Пренџов: Владата останува посветена на стабилизација на државата

136

Пренџов потенцираше дека уште од почетокот, Владата се залага за решавање на проблемите како и со борба против криминалот и корупцијата. Според него, оваа власт ја стабилизира државата, а за тоа ќе се огласат и граѓаните на претстојните локални избори.

,,Сметам дека имаме одлична борба со корупцијата на улиците, одлична борба со корупцијата онаа висока корупција. Сметам дека Република Македонија и тоа како е стабилизирана држава и тоа како е изнесена од дното во кое што беше втурната изминатиов период. После една година од новото управувачко мнозинство во Собранието сметам дека сме на висина на задачата. Граѓаните се оние кои што одлучуваат дали тоа е така или не. Имаме за краток временски период локални избори, ќе се види што граѓаните сметаат како работиме до сега“ рече Пренџов.

Пренџов додаде дека активно се работи на зголемување на платите во Македонија, а ја потенцираше и транспарентноста на Владата која најмногу може да се види преку седниците за пратеничките прашања, и напомена дека во претходната власт тоа не беше случај.

,,Континуирано се покачуваат платите во оваа држава. За прв пат во Собранието, со новиот Деловник, пратенички прашања имате два пати во еден месец“, истакна Пренџов.

Според него, секој пратеник во Собранието има право да постави прашање, меѓутоа никој од опозицијата не поставил: ,,Од СДСМ дојдоа поставија 0 пратенички прашања, од Левица никој немаше присутен. Ниту еден пратеник од опозицијата не беше присутен да постави прашање. Пред 5-6 дена имаше пратенички прашање, повторно немаше ниту едно прашање. Опозицијата не може да креира прашање“, заклучи Пренџов.

Претходна вестФилипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран
Следна вестШтекли имал паметни идеи: Кокаин се закопувал на државно земјиште за да се скрие, багеристи добивале закани