Ужас од Скопје: Жена тешко повредена откако управувала мопед – ја удрил автомобил

1666

Нема крај на лошите вести и тешките сообраќајни несреќа во главниот град на Македонија. Повредена жена итно пренесена во болница.

Вчера попладне, во судир на автомобил и мопед во Скопје, тешко е повредена жена која го возела мопедот, соопшти МВР.

-На 14.05.2025 околу 14:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Интернационални бригади“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(28) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.Ќ.(41) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ј.Ќ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Скопје, велат од полицијата.

Претходна вестЕве кога пензионерите ќе добијат ново зголемување на пензиите!
Следна вестДојава за бомба во СЦ „Јане Сандански“ – каде вечерва има закажано концерт: Итна евакуација на приустните