Камион се преврте и падна во дол кај Плетвар – спасени возачот и совозачот

210

Камион со скопски регистарски ознаки денеска излета од патот Кавадарци-Прилеп и падна во дол во близина на селото Раец. Според очевидци, возачот и совозачот биле извлечени од случајни минувачи и мештани, кои веднаш притрчале на помош.

На снимка испратена до порталот „24инфо“, се гледа како двајцата мажи успеваат да излезат од превртениот камион. Tие не се здобиле со повреди.

Претходна вестПоведена прекршочна постапка против два ланци на супермаркети
Следна вестЕлиф Елмас во најдобриот тим за 28.коло на Серија А