Уапсен тетовец, подметнал пожар кај гробиштата во Катланово

92

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода И.Џ. (49) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело “пустошење на шуми”.

-Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ., информира МВР.

Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд.

По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестДоговорена брза енергетска соработка меѓу Македонија и Чешка
Следна вестРуте: Потребни се флексибилност и компромиси за напредок во дијалогот Косово-Србија