Тажна вест: Почина Крунослав Трајков

6837

По кратко боледување почина Крунослав Трајков. Еден од првите монтажери во телевизија Телма, кој повеќе од 25 години со својот труд се вгради во развојот на нивниот медиум, монтирајќи ги сите вести, емиси, репортажи и други содржини.

Крунослав Трајков, кој за сите беше Кичо, ќе биде погребан утре во 12 часот на гробиштата Камник, во Скопје, а претходно, во 11 часот опело ќе се одржи во црквата Свети Спас, во Маџари.

Нашата редакција изразува најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Крунослав Трајков.

Претходна вестОткриен монструозен план на Палевски: Од Турција сакал да замине уште во две држави – а потоа да направи нешто неочекувано
Следна вестМистериозното исчезнување на Данка Илиќ продолжува да ја вознемирува јавноста – Стравот и по речиси една година владее во Бањско Поље