Тажна вест ја потресе Македонија: Станика која беше исчезната – пронајдена мртва

6163

Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на 64–годишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.

– На 02.02.2025 околу 10.30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К.(64) за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, го пронашло вчера нејзиното тело во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.

Китановска била пријавена за исчезната на 27 декември минатата година.

Претходна вестСопартијци на Палчо се собраа пред Кривичен – „ОЈО произведува монструми, не политичка партија Десна“
Следна вестДосега неоткриени снимки и детали: Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна