Неколку членови на политичката партија „Десна“ се собраа пред Кривичен суд од каде побараа правда за нивниот претседател и првообвинет за убиствата на Вања и Панче.
„ОЈО произведува монструми, не политичка партија Десна“ и „НОрмализација на НЕправдата“, беа дел од паролите кои ги истакнаа сопартијците на Палевски. Тие во својот кус говор рекоа дека се врши прогон на членовите на Десна, а партиското седиште било запечатено од истражните органи.
Во Основниот суд денеска продолжува судењето на кое се очекува ОЈО да се произнесе по барањето на обвинетиот Палевски за изземање на целото скопско Обвинителство.