Се огласи таткото на Фросина: Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат

2180

Младата 22 – годишна модна дизајнерка Фросина Кулакова, беше усмртена на „Партизанска” во Скопје, а ќе биде погребана денеска во Неготино, за ова информираше нејзиниот татко Тодор Кулаков на Фејсбук.

За сите пријатели, роднини, колеги, Кулаков соопшти дека погребот ќе биде попладне, откако претходно ќе може да и се оддаде почит во капелата Бутел во Скопје од 10 до 11 часот, а во капелата во Неготино од 13 до 14 часот.

– Почивај во мир, мила наша, мила да си при Бога, Фросинче, напиша нејзиниот татко.

Мирен собир е закажан за денеска во 15 часот во Неготино, во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова која беше прегазена во Скопје во средата пред полноќ.

– Со огромна болка и револт предлагаме да се собереме на мирен собир во чест на нашата Фросина, која беше свирепо прегазена на улица. Живееме во општество каде што возењето под дејство на алкохол е целосно нормализирано – време е да кажеме „Доста е!“, Да се собереме денес во 15 часот на плоштадот во Неготино, да ѝ оддадеме почит и да испратиме јасна порака. Безбедноста на улиците мора да биде приоритет. Одговорноста мора да биде неизбежна. Жртвите не смеат да останат само бројки. Да не се повтори!!!, велат организаторите на протестот.

Протест има закажано и денеска во Скопје, во 13 часот, како и во недела во Кавадарци.

Претходна вестФросина ќе биде погребана денеска, најавен протест во 13 часот
Следна вестНова сообраќајна несреќа во Скопје: Прегазен пешак, возачот избегал