Мајка со дете влегла во река, полицијата трага по тригодишното девојче

846

Голем број полицајци се на терен во Загреб во голема потрага по дете во реката Сава. Мајката нешто по 16 часот пријавила во полиција дека влегла во Сава со своето дете. На мајката ѝ е укажана лекарска помош, а по детето се врши интензивна потрага.

„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај мостот Јанкомир, според информациите, во реката влегла жена со дете во рацете, на која ѝ била укажана лекарска помош, додека се вршат интензивни мерки за пребарување насочени кон наоѓање на детето“, соопштија од полицијата.

На терен се и пожарникари, цивилна заштита и Хрватската планинска спасувачка служба. Активирани се тимови со чамци и беспилотни летала со термални камери, објави ХРТ.

Според неофицијалните податоци девојчето по кое се трага има само три години.

Претходна вестЗа жал, телото кое се пронајде во Вардар е на Лидија – жената која исчезна во ноември
Следна вест(ВИДЕО) Траорни сцени – Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Македонија