На седница на Централниот одбор на СДСМ, беа избрани новиот генерален секретар, новите потпретседатели и новите организациони секретари.
Нов генерален секретар на СДСМ е Александар Димитријевиќ, потретседатели на партијата се Кристина Костова од Штип, Менде Илиевски од Битола, поранешната министерка Каја Шукова и професорката Ана Чупевска од Правниот Факултет.
Нови организациски секретари се поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармакоски од општинската организација Центар.
Преку социјалните мрежи, веднаш по добивањето на функцијата се огласи Мартин Костовски, кој порача дека се става во функција на партијата кога е најтешко и дека е подготвен за нови борби и предизвици.
-Мотивација на врвно ниво, желба за враќање на духот на социјалдемократското единство, можност да се обединиме и да се вратиме таму кај што ни е местото. СДСМ е потребен на Македонија, се ставам во функција на партијата, токму кога е најтешко, другари и другарки заедно одиме во нови предизвици и борби! Да живее Социјалдемократски Сојуз на Македонија, напиша Костовски.