Лошо е во Србија, лошо… бројот на загинати се искачи на 13, има и едно 6-годишно дете: ОВА се најновите детали

113

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за РТС изјави дека според најновите информации – 13 луѓе загинале откако се урна напладне бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Тројца повредени се префрлени во Клиничкиот центар и се во сериозна состојба.

Тој додаде дека две жени биле извлечени од урнатините и дека спасувачката операција била исклучително тешка.

„Се работи за многу тешка и масивна конструкција, што е многу тешко да се подигне и да се стигне до повредените“, изјави Дачиќ.

Министерот додаде дека се стравува дека има повеќе жртви. Меѓу загинатите е и дете на возраст од шест години.

Претходна вестВОНРЕДНО: Марија Шерифовиќ утре требаше да има концерт во Скопје – истиот е одложен, пејачката во тага ја откри причината
Следна вестЕден од загинатите во трагедијата во Нови Сад е Македонец – веста ја потврди Вучиќ