Долго најавуваниот концерт на балканската музичка ѕвезда, Марија Шерифовиќ во Скопје утре нема да се случи. Истиот е одложен.
Оваа одлука лично ја соопшти пејачката која се огласи на социјалните мрежи каде што напиша:
– Мојата душа и моите молитви се со семејствата на жртвите и сите кои беа повредени во оваа страшна трагедија. Ги замолувам моите фанови и сите оние кои планираа утре да дојдат во Скопје за разбирање и сочувство. Новиот датум на концертот е 10 ноември. Моето срце е со сите вас, а денес најмногу за Нови Сад, порача Шерифовиќ.
Како што е познато попладнево во Србија, поточно Нови Сад се случи страшна трагедија каде што се сруши настрешница на железничката страна и загинаа најмалку 8 лица, а многу се повредени.