Осум загинати во несреќата во Србија, спасувачите се борат да извлечат живи луѓе – Вучевиќ: Црн петок за Србија

8813

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ истакна дека има осум жртви од несреќата во Нови Сад, откако кров падна на железничката станица.

„Веднаш по добивањето на повик, за неколку минути спасувачите беа веќе тука. Неколку часа после тоа акцијата за спасување е во тек, многу е тешка, учествуваат 80 спасувачи од сите страни. Акцијата ќе потрае уште неколку часа. Осум тела се извлечени, имаме контакт со двајца под рушевините. Двајца се во болница, од кои едното е тешко повредено, ампутирана му е ногата“, рече Дачиќ.

Премиерот Милош Вучевиќ кажа дека ова е црн петок за земјата и за сите граѓани.

„Ова е најтежок ден во историјата на Нови Сад. Ужасна трагедија и за Нови Сад и за Србија. Во името на Владата и да изразам сочувство на семејствата на загинатите. ДА се заблагодарам на сите кои помагаат и кои се борат да спасат животи под рушевините, и водат голема битка. Без оглед што се работи од објект и настрешница која е направена пред 60 години, ќе инсистираме да се пронајдат одговорните и кои мораа да предупредат дека можеше вакво нешто да се случи. Црн петок за Србија и за сите нас.

Претходна вестТрагедија каква што не се памети во поновата историја: Се урна настрешница на железничката станица, се стравува дека има загинати во Нови Сад
Следна вестВОНРЕДНО: Марија Шерифовиќ утре требаше да има концерт во Скопје – истиот е одложен, пејачката во тага ја откри причината