Грозоморни сцени: Возач од Србија прегази пешак, кој им подлегна на повредите на патот Куманово – Крива Паланка,

4083

Сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка накратко беше во прекин во обете насоки, оваа информација се појави, без дополнително објаснување – што загрижи многумина граѓани на државата. Лошите најави за жал се остварија – станува збор за трагедија со смртни последици.

Возило „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Србија удрило во пешакот Б.Д. (64) од селото Облавце, соопшти кумановската полиција.

Пешак загина на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрило возило управувано од државјанин на Србија, соопшти СВР Куманово.

„Денеска во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа. Возило „пасат“ со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Србија удрило во пешакот Б.Д. (64) од селото Облавце. Пешакот загинал на самото место“, соопшти кумановската полиција.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка накратко беше во прекин во обете насоки.

претходниот член,Организаторите се повлекоа, граѓаните на Кочани јасни: Блокадите ќе продолжат – сакаме чист воздух
Следната статијаПЕТ ДЕНА ГО НЕМА НИГДЕ: Скопје и Македонија го бараат исчезнатиот Богољуб