СЛАВА МУ: Почина професор д-р Војо Беловски

1725

Вчера почина професор, д-р Војо Беловски на 69 годишна возраст. Професорот Беловски беше почитуван член на академската заедница. Со својата посветеност и страст кон правото, професорот инспирираше многу генерации студенти и остави значаен белег во правното образование.

Неговото истражување и трудови во областа на трудовото право и работните односи, како и неговата заложба за квалитетно образование, ќе останат засекогаш запаметени. Неговото влијание врз студентите, колегите и пошироката заедница е непроценливо.

Д-р Војо Беловски, е роден на1955 г. во с. Владимирово-Беровско. Има завршено високо образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“- Правен факултет, Скопје, Република Македонија и се стекнува со диплома дипломиран правник.

Завршени магистерски студии на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј – Институт за социолошки и правно- политички истражувања, Скопје, на тема „Менаџментот во акционерските друштва и во 1996 година се стекнува со диплома магистер по кадровски менаџмент. Има завршен осми научен степен на образование на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ – Институт за социолошки и правно-политички истражувања, Скопје, Република Македонија, каде, во 2000 година, се стекнува со диплома Доктор на правни науки – докторска дисертација на тема: Менаџментот во трговските друштва на капиталот.

Во 2007 година го има положено стручен испит за застапници при Државниот завод за индустриска сопственост на Р. М и се стекнав со право на застапник на странски компании за заштита на правата од индустриска сопственост.

Од 1981-1988 бил на повеќе раководни функции, посебно како Раководител на служба за нормативни кадри и општи работи во ЗОИЛ -Македонија, Скопје (QBE – Македонија).

Во 2008 година е избран за наставник – доцент на Првиот приватен универзитет „Европскиот универзитет“ – Скопје.

Во 2008 година е избран за доцент на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, по предметот Трудово право. Во 2010 година започнува да ја извршува функцијата продекан за настава на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во 2013 година е избран за вонреден професор при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на Правниот факултет. Се пензионира како редовен професор на истиот факултет.

претходниот член,УЖАС: Во изнајмена соба – Маж од Гана силувал жена во Македонија
Следната статијаПосиромашните би се откажале од храна за да купат цигари – Македонците најголеми пушачи на цигари на Балканот