ЈУ Центар доби информација за инцидент во дворот на Средното металуршко училиште во кој во 08:00 часот е повреден еден ученик.
Кога полициските службеници излегле на терен констатирале дека едниот малолетник употребил огнено оружје, додека другиот малолетник се здобил со повреда на ногата.
Во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) во моментов се проценува степенот на повредите на повредениот малолетник, додека осомничениот малолетник е под контрола на полицијата, јавува Дневни аваз.
За инцидентот е известен обвинителот на Кантоналното обвинителство на КС, а полициските сили се уште се на терен.
Повеќе информации наскоро.