Лоша вест ја разбуди Македонија: Пронајден е мртов – човекот кој два дена се водеше како исчезнат

5997

Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево, каде собирал шумски плодови и не се вратил во својата викенд куќа, а не можело да се воспостави ниту телефонска комуникација.

По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население.

претходниот член,Језива сцена: Се слушна тап удар, потоа врескање: Трудница (30) падна од зграда, загина на лице место
Следната статијаАвтомобилот целосно уништен: Четири лица повредени во страшна сообраќајна несреќа – пренесени во болница