Почнуваат ли политичките немири во Македонија: Бомба фрлена во штаб на партија

1505

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски информира дека била фрлена експлозивна направа во нивниот партиски клуб што се наоѓа во Тетово.

Во соопштението на ПЦЕР нема информации за повредени луѓе, а се вели дека има голема материјална штета.

-Би сакале да ја информираме јавноста дека на 21.10.2024 година беше фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР. Искршени се сите прозори и е направена значителна штета од сето ова. Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат, пишува Ибраимовски во соопштение до медиумите.

Клубот на ПЦЕР се наоѓа на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово.

претходниот член,Почина Фетула Ѓулен, обвинет за пучот во 2016 година во Турција
Следната статија(ВИДЕО) Страшна снимка, гори зграда од 15-ката: Страшен пожар во Лондон, 70 пожарникари го гаснат пожарот