Адвокатот на таткото на Вања контра инспекторот: Тој кажа голема лага – еве како било

1439

На новинарско прашање зошто набрзо по исчезнувањето на Вања нејзиниот татко Александар отишол да ја бара во Сарај, Арачиново и во Блаце, Туфегџиќ одговори дека тој во тие моменти се однесувал како мува без глава.

Очигледно е дека Александар Ѓорчевски и Гоце Трајковски сфатиле кој е ставот и односот на полицјата, што го потврдува и општото чувство на семејството, кои апсолутно немале доверба во полицијата, а денеска видовме и зошто, рече денеска адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, по денешното трето рочиште за убиствата на Вања Ѓорлевска (14) од Скопје и Панче Жежовски (74) од Велес, што се случија лани во ноември. Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

Туфегџиќ истакна дека Александар и Гоце преку свои пријателски врски ја обезбедиле снимката ,на која се детекрира некординрано и чудно движење на две возила во однос на другите возила.

– Поразително е што началник на полиција рече дека додека не стигнале наодите од истрагата на Гоце и Александар тој немал никаква насока ниту имал претстава што се случило со исчезнатите луѓе. Тоа е она за што сите ние треба да бидеме загрижени – рече Туфегџиќ.

Тој објасни дека таткото на Вања и сите што му помагале прво ги собирале снимките од видеонадзорот и од безбедносните камери, во што учествувала и мајката Зорица Ѓорчевска и нејзин роднина, а подоцна и снимките од камерите на „Сејф сити“.

– Се добива општа слика дека сите многу повеќе се ангажирале од самата полиција, на која тоа и е работа. Вистината е дека токму овој инспектор кој денеска сведочеше побарал од Гоце да ја обезбеди снимката од бензинската пумпа во Велес и тоа Гоце го прави преку негов пријател, за кој подоцна дознавме дека е негов братучед, а сè со цел да се помогне во расчистувањето на случајот – рече адвокатот Туфегџиќ.Тој додаде дека Гоце Трајковски ќе сведочи на 15 ноември и ќе даде разумно и логично појаснување за снимките.

На новинарско прашање браниелот рече дека инспекторор не ја кажа вистината во судницата дека Александар не бил малтретиран.

– Пред него се одвивала целата тортура кон Александар. Бил тој, заедно со уште тројца колеги, ако не грешам, можеби двајца, но Алекандар самиот ќе појасни во своето сведочење. Не е точно тоа што го рече, оти Александар е малтретиран пред неговите очи. Имамме лекарски белешки од „Систина“ дека се утврдени повреди кои се настанати точно во периодот кога Александар бил во полиција. Александар самиот ќе објасни кога ќе сведочи, се работи за физичка тортура – рече Туфегџиќ.

На новинарско прашање зошто набрзо по исчезнувањето на Вања нејзиниот татко Александар, отишол да ја бара во Сарај, Арачиново и во Блаце, Туфегџиќ одговори дека тој во тие моменти се однесувал како мува без глава. Поранешната сопруга на Александар, мајката на Вања, завчера сведочеше дека Александар ѝ рекол дека ја барал ќерката на овие три места, а денеска инспекторот Музафер Каришиќ во судница посочи дека му било сомнително што Александар отишол токму кон Блаце, во реонот во кој убијците ја однеле Вања.

– На инспекторот му било сомнително што оди кон Блаце, му било сомнително што Александар давал препоставки дека Вања е киднапорана и убиена, а вистината е дека Александар во тој момент се однесувал како мува без глава и секој кој бил со него тоа може да го потврди.

Инспекторот направи и една многу лоша споредба за однесувањето на мајката, дека била смирена и прибрана, па да го прашаме господинот што сака да каже со тоа дека мајката е смирена и прибрана? Секој од нас на различен начин доживува тага или среќа. Добро е што овој човек повеќе не е раководител на така важен оддел во полиција.

претходниот член,„Тука го фрлија маленкото“! – Кешишов го однел началникот од МВР и му открил каде е закопана Вања
Следната статијаСтрашна вест ја потресе државата: Загинаа три лица, откако комбе се преврте на автопат – 5 лица се во болница