„Тука го фрлија маленкото“! – Кешишов го однел началникот од МВР и му открил каде е закопана Вања

1624

На денешното судење за убиството на Вања и Панче, началник на МВР во детали објасни како обвинетиот Влатко Кешишов го однел до местото каде што е закопано телото на малата Вања.

Се почнало кога Влатко Кешишов бил упасен, но поради сомнежи за исчезнувањето на Панче Жежовски. Па тоа што следувало било шок.

Влатко Кешишов, кажа ќе ме однесе некаде за да ми покаже нешто. Бараше да одиме сами, се плашеше од останатите. Велеше, ако дознае Палчо ќе ме убие. По кратко убедување, се согласи и рече одиме. Не однесе до запаленото возило, до цитроенот. Ние веќе знаевме за возилото. Таму разговаравме. Сакаше да каже нешто, па не сакаше, се премислуваше. Па рече, ајде ќе ве однесам. Возевме по негови насоки и рече излезете. Широк огромен простор, кој служи како депонија. Пак сакаше да каже нешто, па велеше не можам, не можам. Тргна кон возилото, па се врати и рече ајде. Каде одиме, го прашав. Ми посочи со главата, имаше перници, душеци. Не покажуваше со рака, со глава. Рече: „Таму, кај перниците“. Потоа продолжи: ,,Ама јас стоев 20-30 метра од нив”.
Почнавме да копаме. Го замоливме да посочи каде точно. Посочи едно место. Рече: „Тука ја фрлија“.
Тогаш ме фати за рака и рече: „Мислам тука е маленкото”.

Кога прашав кое, рече тоа што го барате девојчето. Копавме се додека не го видовме носот и едната нога и запревме, рече Музафер Каришиќ, кој во времето на убиството бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

Кога прашал кој ја фрлил тука, Кешишов рекол:

“Велимир и Палчо, ја земаа и тука ја фрлија. Јас бев далеку, далеку”…, велел обвинетиот Кешишов.

Сведокот велеше дека Кешишов имал чувство на вина, повторувал дека е лош човек.

На прашање на адвокатот на обвинетиот, зошто се плашел од неговите колеги, тој рече дека не знае, но дека стекнал доверба во него.

-Од другите се плашеше и велеше да не ме кажат на Палчо, ќе ме убие!, сведочеше началникот од МВР. Судењето сеуште е во тек.

претходниот член,КАБЕЛОТ БИЛ ИСЕЧЕН: Камерата која го забележа киднапирањето на Вања подоцна остана со исечен кабел
Следната статијаАдвокатот на таткото на Вања контра инспекторот: Тој кажа голема лага – еве како било