Веќе етаблираниот фризер од Охрид, Сејнур Ракиповски – Секи кај кого одат сите балкански ѕвезди на потстрижување утре го отвора својот ексклузивен салон „Hair saloon Seki“ во кој ќе можат граѓаните и туристите на Охрид да добијат врвни фризерски услуги како потстрижување, обликување на брада и коса, масажа, но и за прв пат во Охрид овој салон ќе нуди и ВИП потстрижување.
Салонот ќе се наоѓа на ул. „Јане Сандански“ бр. 44.
Изминатите 8 години Секи го калемеше фризерскиот занает, кој му донесе голема слава меѓу граѓаните на Охрид, но и меѓу сите ѕвезди кои настапуваат во нашиот бисер.
Неговиот Инстаграм профил може да го погледнете ОВДЕ.