Синоќа во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од А.А.(19), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.