Веста која ја шокира Македонија: Наташа ја погребаа во Германија, осомничен за убиството е нејзиниот партнер

23006

Наташа Совраноски, 25-годишната жена и мајка на едногодишно девојче, која по 25 дена откако исчезна во Штутгарт, Германија, беше пронајдена мртва во шума, беше погребана пред четири дена. Нејзиното семејство, со македонско потекло, а кое живее во Германија, соопшти дека погребот се одржал во Синделфинген и се заблагодарија на сите кои дошле на последното испраќање на Наташа, пренесе Фокус.

Истовремено, се огласија и од германското здружение ,,Frauen helfen Frauen e.V. Calw” кое им пружа поддршка на жените жртви на семејно насилство, и порачаа да не се толерира насилството, бидејќи секој трет ден во Германија се случувало жена да биде убиена од нејзиниот партнер.

-Запрепастени сме и сочувствуваме со загубата на 25-годишната Наташа од Бад Тејнах Завелштајн. Младата жена и мајка, која беше исчезната од втори септември 2024 година, беше пронајдена мртва на 27ми септември, како последица на насилство.

Јавното обвинителство потврди дека осомничениот бил во врска со Наташа. Ваквите ужасни настани не потсетуваат сите колку е важно да се залагаме за правата и заштитата на жените за да се осигураме дека насилството врз жените нема да се толерира!

На секои четири минути една жена доживува насилство од нејзиниот партнер или поранешен партнер. Секој трет ден жена во Германија е убиена од нејзиниот партнер или поранешен партнер.

Сепак, насилството во сопствените четири ѕида премногу често се премолчува во јавните дебати и се отфрла како приватна судбина.

Целиот текст на ФОКУС.мк – клик ТУКА.

претходниот член,Маја се омажи за човекот на нејзиниот живот, но она што се случи на меден месец целосно и го промени животот
Следната статијаЛоша вест ја потресе Македонија: Се судрија мопед и електричен тротинет во Куманово: 19-годишна девојка тешко повредена