Голема мака за многумина: Не работат Фејсбук и Инстаграм – Над 15.000 корисници пријавиле проблеми

515

Корисниците на социјалните мрежи ширум светот пријавија идентични проблеми при најавувањето на Фејсбук и Инстаграм, обете платформи во сопственост на Мета.

Според Downdetector, повеќе од 12.000 корисници на Facebook и повеќе од 3.000 корисници на Instagram пријавиле проблеми. Најголемите поплаки доаѓаат за пристап од компјутер.

Некои известуваат дека нивните апликации работат побавно, додека други воопшто не можат да пристапат до некоја од услугите на Мета.

Компанијата не го коментираше прекинот.

претходниот член,По 25 години во Сител, Ивона Талевска замина во друга телевизија – еве каде ќе работи
Следната статијаАвтомобил значително оштетен: Тешка сообраќајка во Скопје, со ФОТО од лице место ТВ21