Пратеник од ВЛЕН: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава

2560

Ако не се случат уставните измени и ако не е заинтересирана за евроинтеграциите, тогаш Македонија не треба постои како држава. Ова во интервју за „Алмакос“ го вели Ријад Шаќири, пратеник во Собранието од редовите на коалицијата „Вреди“ која е дел од владејачкото мнозинство.

Шаќири, кој доаѓа од крилото на Алијанса за Албанците што му остана верно на министерот здравство Арбен Таравари, одговарајќи на прашања на темата за уставните измени, кои се услов за земјава да ги продолжи преговорите по кластери и поглавја за членство во Европската Унија, во интервјуто е оптимист дека тие ќе се случат, но на прашањето што ако не дојде до тоа, одговара дека тогаш Македонија не треба да постои како држава.

„Шаќири: Секако дека уставните измени ќе се случат затоа што тоа е императив на времето.

Новинарот: Што ако не се случат?

Шаќири: Ќе се случат, на хипотетички начин зборуваме, ќе бидеме овде, дај Боже, и ќе дебатираме во ова студио кога ќе се случат уставните измени.

Новинарот: Ако не се случат?

А ако не се случат, тогаш Македонија не треба да постои како држава.

Новинарот: Ќе продолжите ли да бидете дел од Владата?

Шаќири: Ако една земја не е заинтересирана за евроинтеграции, не гледам за логично да постои како држава“.

Вака во интервјуто за „Алмакос“, емитувано синоќа, тече разговорот во кој пратеникот на коалицијата „Вреди“ ги изнесува своите ставови во врска со ова прашање.

Одговорот на Шаќири предизвикате внимание и кај бугарските медиуми, каде што новинската агенција БГНЕС, која го пренесува делот каде што тој вели дека Македонија не треба да постои како држава ако не се случат уставните измени.

претходниот член,Еве колкава пензија можете да добиете по 28, 37 и 45 години работа во Германија: Малку ли е ова?
Следната статијаАко планирате да одите негде за време на викендот – ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ВЕ ОЧЕКУВА