ВОНРЕДНО: 20-годишно момче избодено со нож во парк

4284

Момче од скопското село Крушопек вчера било пронајдено рането во паркот во Сарај, а според неговата изјава, го нападнало непознато лице, кое го повредило со нож, соопшти МВР.

„На 07.10.2024 во 18.08 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во парк во с.Сарај, скопско, со повреди од остар предмет бил пронајден З.Ш.(20) од с.Крушопек, скопско. Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а според неговата изјава, околу 16.30 часот во парк во Сарај едно лице го нападнало со остар предмет и му ги нанело повредите“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

претходниот член,ДСЗИ го објави извештајот за починатото 14-месечно бебе: Познато е дали имало грешки кај лекарите
Следната статијаЖена ги пронашла ќерката и внуката мртви – ужасна трагедија ја потресе Македонија: Сопругот односно таткото прво во болница, потоа во полиција