Трагедија ја потресе Македонија: Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг

19993

Вчера трагедија ја потресе Македонија откако на малолетно дете почина на тренинг. Најпрво му се слошило па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар без знаци на живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот.

Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.

претходниот член,Влатко Ѓорчев откри што го натерало да го напушти приватниот сектор и да стане национален координатор во Владата
Следната статија„Не мораше да се случи“: Сопругата на мажот убиен на митингот на Трамп тешко се бори со загуба