Турција и Германија имаат рок од шест месеци да го решат спорот за рецептот на донер кебап

137

Европската комисија (ЕК) им даде на Турција и Германија рок од шест месеци да постигнат компромис околу спорот за донер кебапот, објавува британскиот магазин „Економист“.

Турција побара од Европската Унија заштитен статус за донер кебапот, бидејќи рецептот на ова популарно јадење во Германија значително се разликува од традиционалната варијанта.

Донер кебапот се појави во Германија во 70-тите години од минатиот век, кога во земјата пристигнаа голем број работници од Турција.

Класичниот рецепт, кој Турција сака да го заштити, вклучува месо, ориз, домати и лути пиперки, кои се сервираат во пита леб.

Во Европа, донер кебапот најчесто вклучува зелка, зелена салата и сосови, вклучувајќи лук и се завиткува во лаваш.

Поради овие разлики, Турција побара поддршка од ЕУ за заштита на традиционалниот начин на подготвување, според „Економист“. Турските барања вклучуваат користење на говедско или пилешко месо, како и специфичен начин на маринирање и сечење на месото.

Продажбата на донер кебап во Европа изнесува околу 3,5 милијарди евра годишно, од кои 2,3 милијарди евра се во Германија.

Ако Турција го добие правото да го заштити традиционалното име, донер кебапот ќе мора да се продава под друго име во Европа.

Цената на донер кебапот во Европа значително се зголеми, достигнувајќи околу 10 евра по порција.

Зборот „донер“ потекнува од турскиот глагол „донмек“, што значи „врти“. Јадењето се пече на вертикален шиш (ражен) и се сече на ленти кога месото ќе стане крцкаво и кафено.

претходниот член,Писториус: Украина е само почеток за Путин, Русија се вооружува за повеќе од „само војна со Украина“
Следната статијаТурски градежен изведувач доби 62 доживотни казни затвор поради урнатите згради во земјотресот