УЖАС: Двајца прилепчани и се заканувале на сограѓанка со пиштол – еве што се случи

1001

На 17.06.2024 на ул.„Борка Талески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.Р.(27) и Д.Д.(33), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на денот со пиштол се заканувале на 35 – годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена.

Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли.

Исто така, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и напад со остар предмет на чувар во затворот во април оваа година.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестГраѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
Следна вестСтолтенберг: Земјите забрзано се вооружуваат со нуклеарно оружје