Венко Филипче претседател, Стефан Богоев генерален секретар – СДСМ со ова дуо ќе се врати на победнички патеки

3033

По убедливиот дебакл на парламентарните и претседателските избори, СДСМ најави реорганизација во своите редови, која веќе е во тек. Партијата ќе избере нов претседател, за кој ќе гласаат сите активни членови кои уредно ќе се пријават во општинските организации или онлајн.

Членовите ќе имаат можност да гласаат за пет кандидати. Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче, Златко Ристовски и Александар Бајдевски. Сите четворица долгогодишни членови на партијата и истакнати личности во своите области и дејности.

Неетички и нефер би било кога пред време ќе се прогласи победник, затоа што гласањето е тајно, секој глас вреди еднакво и шанса имаат сите кандидати. Но, нашата редакција направи разговори со повеќе членови, но и функционери од врвот, со чие што размислување и став оформивме една јасна слика, за тоа како ќе изгледа новиот состав на партијата односно кој има најголеми шанси за биде нов претседател и со каков тим ќе влезе во борба пред се за реорганизација на партијата, а потоа и враќање на победнички стази на изборите кои претстојат.

СДСМ многупати во минатото имало проблеми да се бори и со егото на голем број од своите приврзаници, а особено на моменти до израз доаѓала превласта меѓу „скопското“ крило и крилото „од внатрешноста“. Иако не постојат конкретно такви две крила или поделби, на моменти е забележливо дека едната страна влече кон себе идентично како и другата. И тоа секогаш било еден вид на проблем за СДСМ, да најде баланс и да ги соедини овие две ткива во едно, што со сигурност ќе треба да биде и една од првите задачи на новиот претседател.

Во еден таков неофицијален разговор со десетина членови на партијата, единствена опција како сето тоа би било добро решено е поставување на ударно дуо, кое е добро прифатено од сите членови, но и општо од целата македонска јавност.

Венко Филипче е роден во Скопје, каде и израснал и поголемиот дел од својот живот го поминал таму. Неговата фамилија потекнува од Охрид, а моментално тој живее во Струмица. Сите овие првични околности му носат пол-позиција во однос на другите кандидати.

Сите кандидати за претседатели најавија директно или индиректно доколку не бидат избрани за функцијата, нема да бараат да бидат дел од новото раководство, дали потпретседатели или генерален секретар, што позицијата за втор човек во партијата односно ген. сек. е отворена за секого.

Во нашите анализи, голема шанса односно доверба за таа позиција од членовите на СДСМ се дава зад името на Стефан Богоев, карпошанец кој имаше интервју во кое порача и дека е подготвен да носи голем товар во новото раководство на партијата. Бил дел од отпорот, шарената револуција, но и претседател на СДММ, во најдлабоката опозиција на партијата.

Преку Богоев, целата таа генерација на млади и успешни луѓе од младина би преминала на ниво на сениори, што ќе биде од клучна пресвртница за подигање на општинските организации во сите градови во државата. Токму таа млада енергија би можела да биде движечка сила на партијата, која би ја носела кон големи успеси и победи.

Претходна вестМитева: Ветивме и реализираме, ДУИ замина во опозиција
Следна вестВМРО-ДПМНЕ нема двотретинско мнозинство: Прекината седницата за измени на Законот за реорганизација на Владата