Прва одлука на новата коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, ЗНАМ: Од 20 – ќе имаме 24 министерства

3096

Во Собранието денеска ќе се расправа за реорганизацијата на министерствата. На дневен ред е Предлог-законот за организација и работа на органите на државна управа по скратена постапка што го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, корекциите се во насока на правилно функционирање, непоклопување на надлежностите, фокус на работите од областа на енергетиката, рударството и спортот.

Во моментов владата, на чие чело е техничкиот премиер Талат Џафери, има 20 членови. Од нив четворица се потпретседатели.

Пратеникот Антонио Милошоски вчера изјави дека новата влада ќе има 23 министри плус премиерот Христијан Мицкоски или вкупно 24.

Значи, наместо намалување на владината структура ќе има зголемување од четири нови позиции.

Претходна вестМицкоски го доби мандатот за формирање влада, тече рокот од 20 дена
Следна вестМитева: Ветивме и реализираме, ДУИ замина во опозиција