Косово е моја татковина, порача Гаши

150

Новиот претседател на Собранието и член на коалицијата ВЛЕН, Африм Гаши, во интервју за „РТК“ зборувал за историјата на неговото семејство кое во 50-тите години на минатиот век се преселило од Качаник во Скопје.

Тој порачал дека Косово е негова татковина и дека ги следи процесите кај нашиот северен сосед.

„Во 50-тите години на минатиот век дедо ми работеше во Скопје, а поради техничките причини на тогашниот отежнат превоз купил мал дом во центарот на Скопје и семејството го однел овде, но по земјотресот се вратиле во родниот град. ЗА кратко време, потоа се вратија во Скопје и оттогаш дедо ми, вујковците и тетките живеат во Скопје. Јас сум роден во Скопје, а моите двајца братучеди продолжија да живеат во Качаник“, рекол Гаши.

Според неговите зборови, „луѓето родени по деведесеттите не можат го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува во Косово“.

„Нема ниту еден процес, политички, економски или општествен што не го следам таму и го следам со многу внимание, како да сум оттаму“, рекол Гаши.

Претходна вестЗаврши тридневниот раст на европските берзи
Следна вестДве лица полесно повредени во сообраќајка после наплатната станица Сопот на автопатот Скопје-Велес