Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

648

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под покровителство на Македонската Таеквондо Федерација.

На турнирот учествуваа повеќе од 300 учесници вклучувајки и натпреварувачи од 5 балкански држави.

ТК Младост од Скопје за кој настапува Калина Стефкова учествуваше со 30 натпреварувачи во сите категории и предводени од одличниот тренер Стефан Миленковски освоија вкупно 28 медали од кој 10 златни медали,11 сребрени и 7 бронзени освојувајки го високото 3 место во вкупниот пласман на турнирот.

За најдобра пионерка е прогласена Калина Стефкова на која и се предвидува светла иднина во таеквондо спортот.

Претходна вестПејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“
Следна вестАфрим Гаши избран за претседател на Собрание