Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“

2353

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска.

Тажната вест ја потврдија од неговото семејство.

Во пукањето, на кое му претходела тепачка, повредени се и две лица.

Како што претходно соопшти МВР инцидентот бил пријавен доцна синоќа околу 23:40 часот.

Во 23 часот и 45 минути од Градската болница „Св.Наум Охридски“ соопштиле дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје.

Во 23 часот и 51 минута од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 19-годишниот О.Б. и 29-годишниот А.И. двајцата од Скопје.

Исмани починал 45 минути по полноќ.

претходниот член,Ова се кандидатите кои би можеле да го наследат Покетино
Следната статијаКалина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024