Полска приведе девет лица осомничени дека се руски шпиони

148

Девет лица се уапсени во Полска под сомнение дека работеле за руските специјални служби и извршиле серија диверзантски дејствија во земјата. Ваквата информација за полските медиуми ја соопшти премиер Доналд Туск.

– Деветмина осомничени се уапсени и обвинети за директно учество во саботажа на територијата на Полска по инструкции на руските служби, се вели во неговата изјава.

Полскиот премиер нагласи дека случајот се однесува на неколку европски земји – Литванија, Латвија и Полска. Полскиот премиер додаде дека такви сигнали доаѓаат и од Шведска.

– Имаме девет уапсени осомничени кои се обвинети за директно учество во акти на саботажа во Полска во име на руските специјални служби. Се работи за тепање, палење и обид за подметнување пожар“, рече полскиот премиер.

Туск додаде дека неговата земја работи заедно со соседите и сојузниците за да се спротивстави на активностите на руското разузнавање.

Претходна вестВладата ја одржа 22 седница
Следна вестОва се кандидатите кои би можеле да го наследат Покетино