Мицотакис: „Ова не го кажувам со радост“ но ако не го почитуваат договорот нема ЕУ

157

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на говор во Лерин уште еднаш го повтори неговиот став дека доколку Скопје не го почитува Договорот од Преспа и настојува да го оспорува јадрото на тој договор не треба да се надева на продолжување на европскиот пат.

Посочи дека „ова не го кажува со радост“, бидејќи, како што рече, Грција сака да има добри односи со соседите.

– Граѓаните на Северна Македонија не сакаат ниту тензии, ниту национализам. И посакувам и се надевам дека ќе се вразумат и ќе се вратат на правилниот пат, рече Мицотакис.

Потсети дека Нова демократија беше против Договорот од Преспа, но како што посочи, тогаш со апсолутна искреност рекол дека не може да се промени, да се искине или да се смени со еден закон и член, бидејќи е меѓународен договор.

Претходна вестПотврден триесетдневен притвор за Љупчо Палевски Палчо
Следна вестДо 2050 година животниот век ќе се зголеми за 5 години