Град, грмотевици, поројни дождови, силно невреме го зафати кумановско

177

Јужно од Скопје се наоѓа позначителна нестабилна облачна маса која се очекува да го зафати југоисточниот дел од Скопската котлина и во ова подрачје да има појава на невреме со интензивен пороен дожд, чести грмежи, силен ветер и можна појава на град, предупредија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Правецот на движење на оваа нестабилна маса е кон исток и североисток.

До ЦУК стигнале пријави за поплавувања и штети од пороен дожд и град во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, а заради обилни врнежи во Косово се очекува зголемување на водостојот на рката Лепенец.

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за поплавен двор во кој има трафостаница на ЕВН.

На 112 во ЦУК добиена е пријава од село Младо Нагоричане – Општина Старо Нагоричане, поточно во месност викана Подкаменчиња. Граѓанин пријавил дека заради обилните врнежи од дожд и град настаната е голема штета.

„Информира дека уништени му биле 300 родни дрвца и дека му е оштетен кровот од неговата викенд куќа. Од страна на Регионалниот ЦУК Куманово, за настанот е известено лице за контакт од Општина Старо Нагоричане“, информира ЦУК.

На територијата на Општина Липково, во селата Липково, Отља, Оризаре и Слупчане во 18:15 часот почна да врне дожд, проследен со ветар , паднал и многу град. Според првите податоци од Општина Липково оштетени се земјоделски садници и има оштетени автомобили.

Претходна вестНиколоски во МВР, Муцунски оди во МНР, Кочовска пак во финансии, Панче Тошковски оди во правда? – Телма ги открива новите министри
Следна вестМЗТ на чекор од шампионската титула