Љубчо Георгиевски: Испаѓа дека ВМРО-ДПМНЕ се најголеми платеници на бугарските служби

885

На Фејсбук се појави обајава од Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-Народна партија.

Ајде уште еднаш да појаснам зошто очигледно некои луѓе потешко разбираат:

-Во 2014 година во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, премиер Никола Груевски со пари од македонскиот буџет, Министерството за култура на Република Македонија објавува едиција PRO MAKEDONIJA во која најмалку 70 книги пишува дека населението во Македонија е бугарско.

Автори се војводи, комити, Илинденци и странски автори.

Паралелно со тоа Архивот на Македонија во време на ВМРО-ДПМНЕ додека е директор Зоран Тодоровски објавува уште најмалку 50 книги каде исто пишува дека населението во Македонија е бугарско.

Со овие документи за жал испаѓа дека во ВМРО-ДПМНЕ се најголеми платеници на Бугарските служби.

Претходна вестЛукаревска од Виница: Да го сочуваме достоинството на луѓето кои што цел живот создавале, а ги краси неверојатна скромност и пожртвуваност
Следна вестКовачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија