(ВИДЕО) Балканот во ШОК: Големо невреме во овие ТРИ држави – познато е кога ќе дојде во Македонија

299

Како што може да се види на страницата на Инстаграм „Хаилз Србија“, бурниот ветар крева прашина и ретко што може да се види на патот.

Силно невреме, од Хрватска и од Словенија, попладнето околу 15 часот пристигна и во Србија, објави српски Мондо. Засега врне поретко, а невремето е пропратено со грмежи кои се прошируваат и во останатите делови од Србија и постепено се засилуваат.

Како што може да се види на страницата на Инстаграм „Хаилз Србија“, бурниот ветар крева прашина и ретко што може да се види на патот. Видливоста е намалена на речиси 0 метри во многу делови на Војводина. Снимката е направена во Руски Крстур.

Во Белград во моментов дува силен ветар со слаб дожд кој ќе се засилува во наредните часови.

Според најавите, невремето најпрвин ќе стигне до самиот север на Србија, па постепено ќе го зафати и остатокот од Србија.

Во Словенија, пак, тамошната Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за југозападниот и за централниот дел на земјата поради силниот ветар. Портокалово предупредување е издадено за јужниот дел од земјата поради снежни услови. Температурите паднаа, а на места, како и во Хрватска, и за повеќе од 10 степени Целзиусови.

Заладувањето од североисток напредува кон западниот дел на земјата. Дува силен североисточен ветар. Во северна Словенија почна да се развива невреме, а врнежите ќе се интензивираат во следните неколку часа, пишува Агенцијата за животна средина, а пренесува порталот Н1.

Претходна вестХОРОР: 26-годишник се обидел да силува 68-годишна жена
Следна вестВладата донесе конечна одлука: ЕВН Македонија ќе биде универзален снабдувач – еве што значи тоа