Состојбата во Израел засега стабилна – Само еден Македонец побарал евакуација

211

Само еден македонски државјанин побарал итна евакуација од завојуваното подрачје во Израел. Со издаден патен лист тој веќе патува кон дома.Македонското МНР смирува дека засега состојбата е стабилна, па во Тел Авив остануваат и семејствата на дипломатите во македонската амбасада. Групата на студенти од Јордан кои барале насоки како да ја напуштат државата,засега не бараат евакуација.

Но до кризниот штаб во МНР македонска компанија пријавила дека во Израел се наоѓаат работници, кои во случај на нов напад, ќе бараат нивна евакуација.

Министерството е подготвено да одговори доколку пристигнат барања за повлекување и од Иран. Според Османи засега оттаму ниту еден македонски државјанин не побарал да се врати дома.

Македонските институции ценат дека со нападите на Блискиот Исток не е исклучен нов бегалски бран. Сепак тоа не значи и загрозување на македонската безбедност.

Остануваат достапни броевите за помош во македонската амбасада во Тел Авив, но и СОС телефони во министерството. Во Израел моментално се наоѓаат околу 50-тина македонски државјани

Претходна вестСе апси во Македонија – над 15 припадници на затворската полиција зад решетки
Следна вестТепачка на две групи во затворот Штип, повреден еден вработен