Голема трагедија ги промени плановите: Одложени денешниот и утрешниот митинг на Коалицијата Вреди

223

Митингот на Коалицијата Влен (Вреди) што требаше да се одржи вечерва во Гостивар во 20:30 часот е одложен. И утре нема да има активности на претседателскиот кандидат од оваа коалиција, Арбен Таравари.

Како што информираат од Изборниот штаб на Коалицијата Влен (Вреди), одложувањето е поради тоа што денеска во сообраќајна несреќа загина младиот гостиварец Е.А.

Од партијата изразуваат сочувство до семејството, пријателите и сите жители на Гостивар.

Претходно, кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари денеска на иницијатива на Форумот на млади на „Вреди“ во огранокот во гостиварско Врапчиште, преку спортски активности ја претстави својата платформа.

Тој возеше велосипед заедно со група мпади луѓе. Рече дека во овој регион има убави патеки што се многу интересни.

Таравари рече дека овој ден од претседателската кампања го искористил малку поинаку и во разговор со младите.

Претходна вестФОТО СПОРЕДБА: Пендаровски во Куманово собра двојно повеќе народ од Силјановска Давкова
Следна вестПендаровски: На Мицкоски најголем страв му е Груевски случајно да не се врати назад