Внатрешна контрола во МВР ќе го разгледува приведувањето на Фуркан Салиу, најавува Бојмацалиев

213

Бојмацалиев најави дека внатрешната контрола при МВР ќе биде вклучена околу тоа што вчера се случувало, зошто е уапсен новинарот и на кој начин

За дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев разбирлива е бурната реакција на јавноста околу приведувањето на новинарот Фуркан Салиу. Бојмацалиев, денеска, се воздржа од давање повеќе изјави од она што вчера беше наведено во соопштението од МВР.

Бојмацалиев најави дека внатрешната контрола при МВР ќе биде вклучена околу тоа што вчера се случувало, зошто е уапсен новинарот и на кој начин.

Тој додаде дека во моментов имаме министер кој е од политичка партија кој во минатато знаеше да се спротивстави на гласните новинари, да ги апсат, да затвораат телевизии и сосема оправдано е, вели, што граѓаните реагираат на овој начин.

„Во моментов имаме министер од политичка партија која во минатото знаеше да се спротистави на гласните новинари, да затвора телевизии. Сосема оправдано што граѓаните реагираат, јас нема повеќе ништо да додадам од она што е соопштено од МВР. Од денеска за тоа што се случувало, зошто е уапсен и на кој начин новинарот, вклучена е и внатрешна контрола“, рече Бојмацалиев одговарајќи на новинарски прашања при неговата денешна работна посета на СВР – Охрид, Езерската полиција и на Граничниот премин „Свети Наум“.

Претходна вестЧеститка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите
Следна вестНајнова вест: Поскапуваат горивата